Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Дине Абдурахманов (Абдураманов) Кљусов

Роден е во с.Петеле (денес Агиос Пантелејмонас), Леринско. Во редовите на Организацијата влегол уште во 1896 година и станал раководител на месниот револуционерен комитет во Петеле.

Во 1902 год. се наоѓал во четата на војводата Марко Лерински, со кого бил близок пријател. На 26 јули 1902 година четата влегла во родното село на Д.Абдурахманов за да казни предавници на организацијата. Четата била предадена и опколена од турската војска. Во борбата загинува војводата М.Лерински, а четниците се повлекуваат. Дине одбил да се повлече и се барикадира во својата куќа. Турците како жив штит а и да го примораат да се предаде ги користат жена му, ќерка му, сестра му и вујкото, но тој одбива да се предаде и пука, убивајчи ги своите роднини. На шестиот ден кога му привршиле патроните, се втурнал во јуриш и загинува. Тоа било точно една година пред почетокот на славниот Илинден, на 2 август 1902 година. 

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik