Роден е 1884 година во Кавадарци. Основно образование завршува во Кавадарци а потоа во Егсархиската гимназија во Солун. Од Солун образованието го продолжува во Самоков, Бугарија. Таму ја започнува својата револуционерната дејност и станува член на револуционерниот кружок „Трајко Китанчев“.
Член на ВМОРО станува во 1901 година и се вклучил во четата на Ј. Сандански и на Х. Чернопеев. Учествувал во грабнувањето на мис Стон. Бил избран за делегат на Солунскиот конгрес, но не учествувал на него.
Иако не се согласувал со предвремено кревање на востание, кога веќе станало Добри зел активно учество во востаничките борби во Тиквешијата со четата на П. Самарџиев.
Во 1904 година улчествувал на Конгресот на Битолскиот револуционерен округ што бил одржан на планината Мукос. Во 1905 година учествува на Рилскиот конгрес. Во 1908 година учествува на Ќустендилскиот конгрес. По Младотурската револуција, во 1909 година бил еден од основачите на Народната федеративна партија и член на централното претседателство.
Убиен е на 16 јуни 1912 година по наредба на Т. Александров. Убиството го организирал М. Ѓурлуков, а го извршил Крсто Ристов, бивш четник во четата на Д. Даскалов. |