Родена е на 21 декември 1880 година во с.Смилево, Битолско. На 15-годишна возраст се мажи за Ставре Христов Ушлинов од с.Лера, Битолско. Додека мажот и бил на печалба во Цариград, на неа фрла око чифлик-сајбијата на с.Лера Џелеп Реџо. Кон крајот на август 1902 гиодина, не можејќи да го трпат, двете јатрви со помош на нејзиниот брат Апостол, го намамуваат да влезе во куќата и го убиваат. По убиството бегаат во планините каде по распитот ги прима во неговата чета ресенскиот војвода С.Арсов.
Двете јатрви Донка и Сребра се првите жени – комитки кои се вклучуваат во борбата на ВМОРО против османлиското ропство во Македонија. Се облекуваарт во машка комитска облека и се учат да стрелаат со пушка и пиштол.
За време на Илинденското востание учествува во 20-тина борби со турскиот аскер. По востанието се населува во Варна. Таму завршува и вишо образование.
Заедно со нејзиниот маж учествува во двете Балкански војни, и е одликувана со два ордени „За храброст“- 4-ти 3 степен. Како доброволка учествува и во Првата светска војна, каде исто така е одликувана со орден „За храброст“ – 2-ор степен. Во 1917 година е одликувана со орден „За храброст“ – 1-в степен.
По војните живее во Варна со својот сопруг, каде во 1924 година раша едно дете.
Умира на 27 јуни 1937 во Варна. |