Роден е на 10 април 1869 година во Охрид. Основно и трикласно прогимназијално
образование завршил во родниот град, а Бугарска егзархиска гимназија
во Солун. По матурирањето работи како учител во роднилот град.
Со група другари оди на стручни подготовки во Белград, од каде
по согледувањето за вистинските цели на српската боржуазија се
вратил во Охрид. Потоа оди да студира во Софија, каде завршил
историски науки.
Во 1890 година, на македонски дијалект, излегува неговата прва
книшка „Неколку кратки летописни белешки за состојбата на западните
Македонци“. Г.Баласчев им припаѓа на основачите на Младата македонска
книжевна дружина во Софија, која во почетокот на 1892 година
почнала да го издава списанието „Лоза“.
Баласчев напишал повеќе трудови од областа на историјата и
археологијата, бил редактор на списанието „Минало“ и како научник
и македонски патриот бил мошне познат и почитуван.
Умира на 6 октомври 1936 година во Софија, Бугарија.
|