Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Војдан Чернодрински

Роден на 15 јануари 1875 година во с.Селце, Дебарска Жупа. Татко му бил свештеник кој уште во 1890 год. се преселил во Бугарија. Основно образование завршил во својот роден крај и во Охрид, а средно во Солун и Софија. Во Швајцарија студирал право но не го завршил. Во учебната 1897/98 год. бил учител во с.Могила, Битолско и се вклучил во дејноста на ВМРО.

Во Софија го организирал кружокот „Македонски зговор“ и во него подготвувал театарски пиеси. Во 1901 год. во Софија го формирал театарот „Скрб и утеха“ со кој давал театарски претстави во Бугарија, Македонија и Белград (1903). Во Македонија (Скопје, Битола и Солун) се појавил во1909 год., во времето на Хуриетот.Неговите драмски дела се трагедијата „Македонска крвава свадба“, прв пат прикажана во Софија во 1900 година, „Дрвари“, „Зло за зло“, „Робот на агата“, „Од главата си патиме“, „Духот на слободата“, „Слав Драгота, „Средба“ (во стихови, посветена на Г.Делчев), „Мајстори“, „На Нова година“ и други.

Умира во Софија на 8 јануари 1951 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik