Роден е во Прилеп. Потекнува од трговско семејство, а и самиот се занимавал со трговија. Завршил Бугарска гимназија во Битиола. Во ВМОРО влегол со посредство на Д.Груев и П.Тошев. Од 1895 година до 1901 година бил член на Околискиот револуционерен комитет, а од 1901 година, заедно со А.Лозанчев и П.Тошев бил член на Битолскиот окружен комитет.
За време на Јосифовата афера, бил уапсен и осуден на 101 година. Бил затворен во Битолскиот затвор, а бил амнестиран во март 1903 година. По излегувањето е четник во четата на Н.Русински.
Бил член на Битолскиот окружен комитет и во тоа својство учествувал на Смилевскиот конгрес (мај 1905). За време на Илинденското востание дејствувал во раководното тело на Кичевскиот реон. По Востанието учествувал во борбите против српската и грчката пропаганда. Бил делегат на Прилепскиот конгрес во 1904 година.
Загинал за време на Втората балканска војна во 1913 година во битката кај Лахна. |