Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Георги Поп Христов

Роден е 1876 година во с.Крстоaр, Битолско. Образованието го завршил во с.Буф на грчки јазик. Продолжил егзархиско основно побразование во своето село. Завршил прогимназија во Битола. По една година учителствување во своето родно село, го продолжил образованието во Солун. Во учебната 1895-96 год. се вработил како учител во Кавадарци каде и се вклучува во револуционерното дело. Од 1900-та година бил учител во Основното училиште во Битола. На 12 февруари 1902 год. е уапсен и осуден на смрт. Амнестиран е во февруари 1903 год. Учествувал на конгресот во Смилево како претставител од Битола.. За време на востанието е војвода во Леринско.

По востанието доаѓа во Бугарија и пролетта 1904 год. се враќа во Македонија. Активно делува во обновување на Организацијата во Битолско, Костурско и Леринско. Во мај 1904 год. учествува како делегат на Прилепскиот конгрес. Следната 1905 год. учествува на Рилскиот конгрес. По војните се населува во Бугарија и е член на ЦК на ВМРО. Тесно соработувал со А.Протогеров. По неговото убиство, по наредба на И.Михајлов (1928), се повлекува од активно учество во Организацијата.

Умрел на 20 февруари 1962 година во Софија.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik