Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Георги Скрижовски

Роден е на 28 март 1882 годона во с.Скрижово, Драмско. Вистинското име му е Георги Радев Иванов. Основното образование го завршува во родното село а педагошкото во Серез. По завршувањето извесно време работи како учител во Демирхисарско и Серско. По сугестија на Г.Делчев се вклучува во ВМОРО. Прво влегува во четата на Д.Гоштанов а во 1902 година во четата на Ј.Сандански. Во 1903 година е во четата на Г.Делчев и учествува во атентатот на мостот Ангиста.

Учествува во Илинденското востание и е член на Серскиот револуционерен комитет. После востанието формира своја чета која дејствува во Разлошко. Во меѓусебните фракциски борби бил на страната на Ј.Сандански. Во Младотурската револуција учествува во одредот на Ј.Сандански.

По Балканските и Првата светска војна, како член на Привременото претставништво на ВМРО-Обединета е потписник на Апелот од 9 март 1919 година до Париската мировна конференција. По војните се повлекува и живее во Свиленград.

Убиен е на 25 февруари 1925 година во Свиленград, Бугарија, од егзекутор на ВМРО.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik