Роден е во с.Горно Броди, Серско во 1857 година. По професија е овчар. Во почетокот е јатак а покасно и четник кај И.Крчовалијата и Г.Делчев. Од 1899 до 1904 година е серски војвода.
Учествува во борбата кај с.Баница на 4 мај 1903 година, во која е убиен Гоце Делчев. Во декември 1904 година ги фаќа предавниците на Гоце и ги убива.
Доброволец во бугарската војска во Балканските и првата светска војна.
Починал на 15 февруари1942 година во Асеновград.
|