|
Роден е во с. Ореовец, Прилепско, во 1883 година. Основно образование завршил во Прилеп, а потоа учел педагошко училиште во Скопје, по што учителствувал во с.Страгово, Тиквешко.. Во 1903 година станал четник во четата на својот брат Петар, а од 1905 година, по заминувањето на П. Ацев за Бугарија, го заменил и бил назначен за околиски војвода во Прилепско. Две години водел огорчени борби против Турците, андартите и српските врховистички чети.
На 25 јуни 1906 година, во заседа во месноста „Куртов Камен“, поставена од Србите, четата била нападната, бил ранет и за да не биде фатен жив се самоубива. |