Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Ѓорѓи Мучитанов - Касапчето

Роден е во 1882 година во Крушево. Завршува IV клас во романското училиште во Софија.

За време на Илинденското востание 1903 година е во четата на Ѓ. Петров.  По востанието санува самостоен војвода и долги години води чета во Берско, Негушко и Ениџевардарско.  

По Младотурската револуција, од јули 1908 година, со други војводи се зафаќаат да ја востановат активноста на ВМОРО во Битолско. Г.Касапчетои В. Пуфката во 1909 година го убиваат Ј.Јовановиќ, бивш деец на ВМОРО, кој се ставил во услуга на турската власт.

Загинал заедно со ениџевардарскиот војвода Апостол Петков на 2 август 1911 година кај с.Крушари, Ениџевардарско, во борба со турскиот аскер.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik