Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Христо Силјанов

Роден е на 24 мај 1880 година во Цариград. Татко му е од Охрид и тој рано се преселува во столицата на Османската империја. По завршувањето на основното образование во родниот град, продолжува да учи во Солун, после се префрла во Битола, каде ја завршува класичната гимназија. Кон ВМОРО Х.Силјанов се присоединува уште како ученик .во Битолската гимназија. Извесно време учителствува во Прилеп и во Лерин, од каде во 1902 година преминува во илегала и пристапува во четата на М.Лерински.

За време на Илинденското востание се наоѓа во Одринско во четата на Михаил Герџиков, како заменик војвода и учествува во борбите за ослободување на Мичурин и Ахтопол. По задуќувањето на востанието заминува за Софија.

Во 1907 година дипломира историски науки на Софискиот универзитет, а потоа докторирал во Швајцарија. Во 1908 година е дополнителен член на задграничното претставништво на ЦК на ВМОРО. Во спорот меѓу левото и десното течение во ослободителното движење тој ги поддржува централистичките сфаќања со тенденции на симпатии кон дејците на десницата.

За време на Балканските војни Силјанов е одново со пушка в рака и е на чело на чета во Костурско. За време на Првата светска војна во март 1916 година е уапсен и осуден на доживотен затвор за шпиунирање во плза на Русија. Кон крајот на 1918 година е ослободен.

По војните живее во Софија и се занимава со новинарска и публицистичка дејност. Во 1923 година тој е еден од основачите на Македонскиот научен институт.

Умира во Софија на 26 септември 1939 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik