Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Христо Татарчев

Роден е на 16 декември 1869 година во Ресен. Учи во Ресен, Брацигово и Пловдив. Студирал медицина во Цирих и Берлин. Дипломира како лекар во јули 1892 година. Од средината на септември 1892 година е поставен за школски лекар во Солунската машка гимназија „Св.Кирил и Методиј".

Еден е од учесниците при формирањето на ВМОРО на 23 октомври 1893 година во Солун и е избран за прв претседател на ЦК.

На 27 авгут 1894 година Х.Татарчев епретседателствувал со I Конгрес на ВМОРО кој се одржал во Ресен. Во летото 1896 година, се одржал II Конгрес на кој претседателствувал д-р Х.Татарчев, на кој Г.Делчев и Ѓ.Петров се назначени за задгранични претставници во Софија.
Во почетокот на 1901 година, е осуден на 5 години и е пратен на заточение во Подрум-кале. Амнестиран е на 19 август 1902 година При крајот на 1902 година е именуван за член на Задграничното претставништво на ВМОРО во Софија.

По востанието влегува во конфликт со поддржувачите на Ј.Сандански и не учествува во активностите на ВМОРО до Ќустерндилскиот конгрес од март 1908 година, каде е избран за советник на Задграничното претставништво, заедно со Т.Лазаров, П.Јаворов и Х.Силјанов. Во 1910 година е избран за резервен член на ЦК на ВМОРО.

За време на Првата светска војна д-р Хр. Татарчев учествувал како лекар. Во периодот меѓу двете светски војни се оддава на публицистика. Извесно време по војната живее во Италија. Во времето на окупацијата живее во Ресен.

По војната заминува за Бугарија од каде 1949 година оди во Италија каде умира на 2 јануари 1952 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik