Роден е на 24 март 1896 година во с.Ерлевци,Велешко. Во 1913 година ја завршил Солунската егзархиска гимназија.
По Втората балканска војна во 1913 година емигрира во Бугарија, каде завршува Воено училиште во Софија. По мобилизацијата во 1915 година, учествува во Првата светска војна како поручник во бугарската армија.
По војната се вклучува во редовите на ВМРО како велешки околиски војвода Во август 1919 година е основано Македонското студентско друштво „Вардар“, а И.Кушев е член на раководсатвото.
Загинел трагично на 29 ноември 1922 година, во село Ерлевци, Велешко, по предавството сторено во четата од страна на четирите другари Турци, додека спиел со своите двајца другари во една воденица. |