Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Иванчо Орџанов Карасулијата

Роден е во с. Кара-Суле (денес град Поликастро), Солунско. Останува без образование и станува ајдутин. Во 1896 е уапсењн и поминува 7 месеци во затвор во Солун. Во ВМОРО влегува покрстен од свештеникот С.Танчев и извршува терористички задачи. На 15 септември 1897 станува нелегален и подвојвода во малата чета каде војвода е А.Петков со дејство во Дојранско, Гевгелиско и Ениџевардарско.

Во 1898 година, заедно со А.Петков го грабнале Туран бег, при што бил убиен неговиот син, а за него се побарани 2000 турски лири откуп. Парите ги добиле но тие биле причина за судир помеѓу Караулијата и Организацијата. Четата сакала да ги задржи за себе, но по долга расправија се предадени на Организацијата. Во ноември1898 година Карасулијата и А.Петков го ликвидираат грчкиот лекар и шпиун Димитрис Кивирнидис.

На 7 декември 1899 година во Валандово, има неуспешмна акција за грабнување на богат гркоман. Оваа акција ја предизвикува Валандовската афера, како резултат на самоволието на Карасулијата. По ова заминал за Бугарија и се приклучува кон Врховниот комитет на генерал И.Цончев. 

За време на Илинденското востание учествувал во вториот востанички округ. На 10 август до Гевгелија бил миниран железнички мост, а на Гандач голема борба со многуброен турски аскер. Во ноември била извршена демобилизација ппо што заминува за Бугарија.

Загинал заедно со целата своја чета, во еден борбен судир со турскиот аскер кај месноста Џорлев рид во близина на с.Лесково, во јули 1905 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik