Роден е во 1880 година во Мелник. Учел во родниот град и во Серес, а потоа станал егзархиски селски учител во Игуменец, Петричко.
Во ВМОРО бил вклучен од Г. Делчев во 1900 година, кој го зел под своја заштита. Како револуционерен агитатор работел во Петричко, Поројско, Демирхисарско (Серско) и Струмичко. По 1901 година активно се вклучил во борбата против врховистите, особено во Петричкиот крај.
За време на Илинденското востание учествувал како војвода на чета во борбите во Драмска околија. По востанието бил назначен за драмски војвода.
Загинал во една борба со турската војска во 1905 година. |