Роден е на 24 декември 1861 година во Кукуш. Основното образование го завршил во Кукуш. Продолжил во Пловдив и Свиштов и завршил висока трговска академија во Линц, Австрија. Бил учител во Костенец, Воден, Кукуш, Лерин и во Солунската машка гимназија. Во 1893 година отворил книжарница во Солун и ја напуштил гимназијата.
Тој е еден од основачите на ТМОРО на 23 октомври 1893 година и член на ЦК. На 23 јануари 1901 година, по избувнувањето на Солунската афера, бил затворен со другите членови од ЦК и заточен во Подрум-Кале (Мала Азија).
По амнестијата во август 1902 година ои во Солун, а во почетокот на 1903 година се преселува во Софија и се занимава со книжарство и издавачка дејност. Заболен и душевно растроен, се самоубива на 9 јули 1934 година во Софија. |