Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Иван Наумов - Алјабакот

Роден е во 1870 година во с. Ореовец, Велешко. На Организацијата и пристапува во 1900 година во Солун, привлечен од М.А.Попето. Работи како трговец во Драма и Кавала.

Во 1902 година убива еден Турчин и бега во Софија. Истата година се враќа како четник во Одринско и Пашмаклијско. Од почетокот на 1903 година е организационен војвода во Крушевско.

За време на Илинденското востание, како војвода предводел чета и учествувал во борбите за ослободување на Крушево.

По востанието, во 1904 година крстосувал низ Прилепско, Крушевско, Кичевско и Велешко и насекаде го јакнел борбениот дух на народот. Познати се неговите борби кај с. Павлешенци (Св. Николско), кај с. Крапа (Прилепско) и кај с. Попадија и Ореше (Велешко) против српски врховистички чети.

Во август 1907 година, од конгресот на Битолскиот револуционерен округ бил назначен за ревизор на четите во Битолскиот округ.

Враќајќи се од Конгресот, на 24 август 1907 година, со двајца свои четници паѓа во турска заседа близу до с. Белица, Кичевско и јуначки загинува (според друга верзија, предаден е од селскиот раководител на ВМОРО). Бил погребан пред олтарот на црквата во с.Белица.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik