Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Иван Попов

Роден е во 1871 година во с. Лески, Неврокопско. Основното образование го завршува во родното село. Од 1889 до 1895 година е на воена служба, каде се запознава со М.Лерински кој имал силно влијание врз него. По два неуспешни обиди со чета да се префрлат во Македонија, се враќа на служба во Сливен до 18 април 1902 година.

Како фелдфебел во бугарската армија се придружува кон ВМОРО, а Г.Делчев го испраќа како организационен војвода на чета во Костурскиот револуционерен реон во 1902 година, за подготовка на населението за востание. Четата на И.Попов од Бабчор се пречекани на пристаништето во Пиреја на 11 мај 1902година. На 30 јуни при обид да влезат во Македонија, и по еден инцидент е уапсен од грчката власт на четири месеци. Со застапноштво на Г.Делчев кај грчкиот конзул во Бугарија е ослободен и пристигнува во Костурско во септември 1902 година.

Дадена му е четата на Г.Папанчев, кој оди во Леринско. Ги организира костурските и костенарските села а на 26 март се среќава со Б.Сарафов и заедно со Н.Андреев на 29 март во Смрдеш го протеруваат турскиот аскер и башибозук.

На Смилевскиот конгрес е избран централен војвода на Костурско. За време на Илинденското востание учествувал како војвода со своја чета и се прославил во борбите за ослободување на гратчињата Невеска и Клисура. По завршувањето на востанието заедно со Н.Андреев и М.Николов се повлекува во Бургас, а во Сливен дочекан со свечености. Се вработува во Министерството за земјоделие.

До Балканската војна пак влегува во Македонија е и војвода на чета о Костурско. Учествува и во Првата и во Втората балканска војна, како и во Првата светска војна.

По Првата светска војна живеел во Софија. Во 1921 година, во Витоша, во полна мизерија, извршил самоубиство.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik