Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Јане Сандански

Роден е на 18 мај 1872 година во с. Влахи, Мелничко (Санданско). Завршил основно образование и втори клас. Две години потоа како чирак го изучува чевларскиот занает. Две години работел како молбописец, помошник адвокат во адвокатската канцеларија на својот вујко, а потоа самостојно. Во МРО стапил во 1899 година после неговото запознавање со Г. Делчев. Во Пиринскиот крај, формирал своја чета со која дејствувал и станал непомирлив борец против врховизмот.

Заедно со војводите Х. Чернопеев и К. Асенов, во август 1901 година го организирале грабнувањето на американската протестантска мисионерка мис Елен Стоун за откуп од 14000 турски златни лири.

После убиството на Г. Делчев, станува раководител на Серскиот револуционерен округ. За време на младотурскиот режим (1908 – 1912 г.) се наоѓа на чело на основаната во Солун Народна федеративна партија. За време на Првата балканска војна со поголем одред зел активно учество на страната на сојузниците.

Убиен е од агенти на Фердинанд кај местото Папаз - Чаир во Пирин планина на 21 април 1915 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik