Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Јордан Гавазов Ицков

Роден е во Прилеп. На ВМОРО и пристапил уште во 1894 година. Заедно со Д.Груев, А.Х.Панов и Ј.П.Костадинов го оформиле Прилепскиот комитет на ВМОРО во 1894 година.Се истакнал со своите организациони способности и со извршување на специјални терористички задачи.

Во 1896 година паднал во затвор, заедно со неговиот татко, како учесник во масакрот на беговите-зулумџии во Небрегово во 1894 година. Казната ја издржувал во битолскиот затвор, од каде што многу бргу, зимата 1897-98 година  успеал да побегне и да емигрира во Бугарија. Таму со својот другар Христо Чемков формирале чета и пак се вратиле во Македонија.

Истата 1898 година, во една куќа во Прилеп биле откриени и опколени од турската власт. Се развила повеќечасовна борба. Гледајќи ја безизлезната состојба а несакајќи да им се предадат на Турците, извршиле саможртва. 

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik