Роден е на 23 јуни 1870 година во с.Козица, Кичевско. Не успева да заврши Битолската гимназија и сеуште млад заминува за Софија каде авршува фурнаџиски занает. Повеќе години ајдукува низ Бугарија, а во 1897 година се враќа во Кичевско каде воспоставува контакт со Организацијата преку кичевската чета на Дуко Тасев. По убиството на Мухарем-бег, во кое учествува и тој, е принуден да замине пак во Бугарија. Во Македонија се враќа пак со четата на М.Ацев во јуни 1900 година, по што формира агитационо-организаторска чета од 4 лица.
Во 1901 година бил комита во четата на Н.Русински, а истата година е наименуван за војвода на Демирхисарскиот реон. До почетокот на востанието дејствувал во Крушевско и Кичевско.
На Смилевскиот конгрес заедно со Д.Матлиев се претставницина Демирхисарскиот револуционерен реон. За време на востанието со 900 востаници го напаѓа албанското село Прибилци, а потоа води борба кај месноста Ѓурчаица, Кичевско. По палежот на селото Цер, заминува со уште три четници да ја испита областа на изгореното село.
На 10 август 1903 година, во селото Цер, Битолско, попаѓа во турска заседа и загинува во нерамна борба како голем јунак. |