Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Јосиф Даскалов

Роден е во 1868 година во Кратово. По завршувањето на Педагошкото училиште во Ќустендил станува учител и учителствува во САјкопје, Кратово и други места.

Во ВМОРО пристапува многу рано во 1894 година, покрстен од Г.Делчев. Тој е главен организатор на комитетите во Кратовско.

За време на Виничката афера во 1897 година бил затворен од турската власт и во затворот подложен на инквизиторско мачење. За да ги заведе, на турската власт и посочил лажно место, каде божем се наоѓала скриена архивата на Организацијата од Кратовскиот реон. На 26 декември одвел полицијата на тоа место, на Радин мост, се прекрстил и скокнал бездната. По некое чудо останал жив.

Осуден е на 6 години и заточен на Родос, од каде е ослободен во август 1902 година.
Покасно е испратен на заточение во Подрум кале, каде умрел во 1909 година, отруен од Турците.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik