Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Кирил Глигоров (Келешов)

Роден е во Штип во 1903 година. Потекнува од бедно семејство. Рано се вклучил во редовите на ВМРО и добил задачи поврзани со големи ризици. Ја добил и задачата да го ликвидира Стојан Мишев од Штип, отпадник и предавник на македонското ослободително движење.

На 30 декември 1924 година, во 12 часот на пладне, Кирил, со неколку куршуми го убил  Мишев (татко на сопругата на Киро Глигоров) точно пред прагот на неговото живеалиште. По убиството успеал да избега се до бугарската граница, но минувајќи низ селото Костин дол, Кочанско, бил предаден од селанецот Стоил Шанкев. По кртатка престрелка бил заробен и однесен окован во пранги во штипскиот затвор. Во затворот поминал осум месеци, подложен на жестоки мачења. Уште додека бил во затворот тој дознал дека неговиот предавник С.Шанкев е егзекутиран од ВМРО пред неговиот дом во с.Костин дол.

По многу измачувања на 30 август 1925 година е застрелан од српските жандари.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik