Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Кирил Прличев

Син на Григор Ставрев Прличев и Анастасија Узунова (сестра на војводата Х.Узунов). Роден е во Охрид, на 1 март 1875 година. Основното образование го завршува во родниотград, па продолжил во Солун, во Солунската егзархиска гимназија. Во 1895 се приклучил кон ВМОРК. Во тој период, во Врховниот комитет член били Ј.Сандански.  Во 1896 година учествува како делегат на конгресот на ВМРО во Солун. Во 1901 год. Станува член на ЦК на ВМРО во Солун. За време на Илинденското востание е учесник како војвода бо обединетите чети под раководство на Хр. Чернопеев.

После Хуриетот во 1908 година е еден од создавачите на легалниот „Coјyз на Бугарските конституционни клубови“ во Турција и е во редовите на десно-конзерватуивната струја н ВМРО предводена од Х.Матов и Т.Александров.

Во три наврати е секретар на Задграничното претставништво на ВМРО. Во 1902 година, раководено од Г.Делчев и Ѓ.Петров, 1903-1905 година, раководено од Х.Матов и Х.Татарчев и 1915-1921 година, раководено од Т.Александров и А.Протоѓеров. Од 1921-1931 година е задграничен претставник на ВМРО.

После востановувањето на бугарска власт во Македонија во 1941 година се враќа во Охрид и е директор на Охридскиот музеј.

Автор е на неколку книги и редактор на неколку списанија, како и преведувач од француски, германски, грчки и латински на дела како на: Волтер, К.Маркс, К. Кауцки, Ц. Милс, Г. Брандес, Г. Жулуи и др.

Умира во Охрид на 9 февруари 1944 година и е закопан во гробот на татко му во црквата Св.Богородица Перивлепта.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik