Роден е на 25 септември 1875 година во с. Загоричани (денес Василиада), Костурско. Основното образование го завршил во родното село, а потоа продолжил во Костур и Цариград. Во 1894 година продолжил во Битолската машка гимназија, а образованието го завршил во Солунската машка гимназија во 1898 година. За време на школувањето во Солун се спријателува со Л.П.Трајков и Л.Москов и во 1908 година пристапува во редовите на ВМОРО. По завршувањето на школувањето учителствува во Хрупишта.
По апсењето на Л.П.Трајков во 1899 година тој е раководител на Костурскиот рњеволуционерен округ и заеднио со П.Христов и М.Николов развил силна револуционерна дењјност.
Во почетокот на 1901 година, по наредба на Организацијата е убиен Нуредин ефенди од с.Света Недела, најголем злосторник во областа. Во изгубениот документ за време на атентатот, кој попаднал во рацете на турските власти се споменувало име на Кузо по што К.Стефов паднал во затвор. Кога го носеле на судење во Корча, успеал да им избега на турските стражари по што се повлекол во илегала.
Во почетокот на 1902 година, Г.Делчев го посетил Костурскиот реон и за раководители на Пополската област ги одредил К.Стефов, Л.П.Трајков, Л.Москов и П.Кљашев.
На 24 февруари 1902 година, кај С.Шестово, Костурско, при еден судир со турскиот аскер бил тешко ранет. Сепак успеал да се извлече од обрачот и да се засолни во куќата на неговата свршеница. Таму, по извесно време им подлегнал на тешките рани. Неговата свршеница,учителката Василка Иванова, неможејќи да ја прежали смртта на Кузе, се самоубила над неговото мртво тело.
Турските власти, за да го заплашат македонскиот народ им ги отсекле главите на К.Стефов и Малиот Наке и два дена ги држеле изложени на конакот во Костур. |