Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Лазар Димитров (Дренок)

Роден е во с. Дренок, Дебарско, во 1869 година. Образованието го започнал во своето село и го продолжил во Солун, каде во 1888-89 година. го завршил средното образование. Две години бил учител во Дебар и Ениџе Вардар по што работел во семинаријата на Егзархијата во Цариград.

Бил учител и во Одрин, каде во 1896 година е избран за претседател на Одринскиот окружен револуционерен комитет на ВМОРО. Во 1901 година се запишал да студира словенска филологија на Универзитетот во Софија, каде останал кратко време. Во 1902-1903 година учителствува во Педагошкото училиште во Сер, каде е претседател на Серскиот окружен револуционерен комитет.

Како делегат на Серскиот окружен револуционерен комитет учествувал на Солунскиот конгрес на ВМОРО во јануари 1903 година, на кој се решавало за кревање на востание во Македонија. Првично се спротиставува на идејата за кревање на востание но покасно го потпишува решението.

За време на Илинденското востание бил член на Горското началство во Охридскиот, Драмскиот и Дебарскиот востанички реон. По неуспешниот крај на востанието, заедно со други раководителии на ВМОРО, се повлекува во Бугарија.

Во Првата светска војна е училишен инспектор во Приштинскиот округ. По војните, се населил во Бугарија, каде работел како учител.

Умира во Пловдив во 1945 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik