Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Лазар Поп Трајков

Роден е на 10 април 1876 година во с. Д`мбени (денес Дендрохори), Костурско. По завршувањето на Солунската егзархиска гимназија во 1898 година, каде е привлечен кон ВМОРО од Д.Груев во 1895 година, кратко време бил учител во Костурско. Таму развил голема револуционерна дејност. По убиството на двајца турци блиску до с.Загоричани, турската власт во есента 1899 година го затворила и осудила на 2 години затвор, што ги одлежал во Корча, Албанија. Учествувал на Смилевскиот конгрес, каде бил избран за заменик член на Главниот востанички штаб. На 31 мај 1903 година, била славната битка на „Локвата“ и „Виљари“, во јоја учествувале четите на Л.П.Трајков, Д.Андонов, В.Чакаларов, П.Кљашев и М.Влаот.

Зел активно учество во Илинденското востание како војвода на голема казнена чета, во Костурско, Прилепско и Мариово. Заедно со Л.Киселинчев, И.Попов и М.Ризов одат во село Руља и се помируваат со војводата Коте Христов, кој ветува верност и учеество во востанието и ги осветуваат 6-те знамиња. Во септември 1903 година, во борбата што се водела кај селото Чаништа, и големата победа над турскиот аскер, бил тешко ранет. Бил засолнет на лекување но бил подмолно убиен на 11-12 октомври од познатиот разбојник и големогрчки платеник Коте од Руља. Главата на Л.П.Трајков три дена висела пред вратата на уќуматот во Костур.

Бил познат и како поет и автор на поемата „Локвата и Вињари“. За неговото убиство предавникот Коте од Руља бил награден од Костурскиот владика Каравангелис со 50 турски лири.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik