Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Леонид Јанков

Роден е на 10 март 1878 година во с.Мачуково, Гевгелиско. Запален од агитацијата на учителите против турското ропство, Леонид уште на млади години влегол во редовите на Организацијата и за кратко време станал раководител на селскиот револуционерен комитет во с. Мачуково. По убиството на шпионот Ристо Дојчинов од негова страна, морал да премине во илегала па станал комита а потоа и десетар во четата на војводата А. Манасиев.

Учествувал во многу борби против Турците и со својата физичка сила, голема стрелачка вештина и беспримерна храброст, станал еден од најомилените и најпочитуваните народни борци во Гевгелиско. По востанието се префрлил во Бугарија, за во 1904 година, заено со Т.Донев и М.Таушамов пак да се вратил и развил широјка организациска дејност. Од летото 1905 година станал гевгелиски војвода..

На 31 август 1905 година е заробен курирот на четата и едно шифрирано писмо, дел од писмото дешифрирано и турските власти влегуваат во трагите на четата ма Л.Јанков. На 2 септември 1905 година е опколен кај местото Ѓуров Дол, кај с.Ѓавато, Гевгелиско. Во нерамната борба, која траела цел ден против многубројната турска војска, загинале двајцата другари на Леонид, од една, и 50 турски војници од другата страна. Останат сам, Леонид со претпоследниот патрон го ранил јусбашијата, а со последниот се самоубил.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik