Роден е во с.Опеница, Охридско, во 1880 година.
Како член на ВМОРО учествува за време на Илинденското востание како четник. Во борбата кај месноста Рашани, Охридско на 31 август 1903 година е ранет во десната рака по што останува инвалид..
По завршувањето на востанието се легализира и почнува да се занимава со трговија и отвора колонијал во Охрид. Во 1915 година, при повлекувањето на српската окупаторска војска го разбиваат дуќанот на Ламбе и го ограбуваат. Кога Ламбе оди да ја види штетата внатре начекува двајца српски војници како едниот со секира, другиот со чекан ја обиваат касата. Во борбата која настанала, Ламбе успева да ја одземе секирата со кохја ги убива двајцата и труповите ги фрла во реката.
Во 1918 година, кога Србите се враќаат во Охрид, го притвораат и осудуваат на 20 години строг затвор за убиството на двата војници.
Кога било побарано од Апелациониот суд за намалување на казната, судот го осудува на смрт. На 2 август 1921 година, кај месноста Рача е јавно застрелан. |