Роден е на 19 октомвруи 1874 година во Охрид. По основното образование во родниот град, завршува гимназија во Софија, за потоа да учителствува во Охрид и Ресен. Од 1903 година е нелегален и за кратко е четник кај Т.Давидов. Делегат е на Смилевскиот конгрес на ВМОРО, како претставник на Охридскиот реон, каде е избран за член на Охридското горско началство.
За време на Илинденско востание е самостоен војвода во Дримкол, Струшко.
По востанието преку Албанија и Црна Гора пребегнува во Бугарија, каде работи како секретар на III-та Женска гимназија во Софија. Во 1904 година е член во Задграничното претставништво на ВМОРО.
Во Првата балканска војна 1912 година учествува како допброволец во Македонско-одринскииот корпус и служи во 9-та велешка дружина. За покажаната храброст е одликуван со сребрен медал. За време на Охридско-Дебарското востание во септември 1913 година е во времената управа на Охрид.
Во 1938-1939 година, заедно со Л.Томов и Х.Танушев е член на уредничкиот колегиум на списанието „Илустерација Илинден“.
Починал на 30 јули 1947 година во Софија. |