Бугарин по националност, роден е на 24 јули 1867 година во Панаѓуриште, Бугарија. Завршил воено ушилиште во Софија и служел во бугарската армија како офицер. Во Македонско-одринското револуционерно движење се вклучува во 1900 година.
За време на Илинденското востание нацлегува во Македонија заедно со четата на Ѓ.Петров преку Ќустендил. Со нив е и црногорецот Јово Јовановиќ и поручникот С.Георгиев. На 2 октомври 1903 година, кај с.Чаништа, Прилепско, водат голема борба со мноубројниот турски аскер преку целиот ден. Но во текот на ноќта четите се повлекуваат, и на 6 октомври, по средбата со штабската чета на Б.Сарафов се повлекуваат во Бугарија.
После востанието, по наредба на Х.Матов е околиски војвода во Воденско. Во 1904 година, заедно со Ѓ.Петров 40 дена ги обиколуваат Ениџевардарско, Воденско и Солунско и учествува активно во борбата против грчката вооружена пропаганда. Во 1905 година за кратко оди во Бугарија за набавка на оружје и нови луѓе, брзо се враќа и води борби со турскиот аскер.
На 16 февруари кон четата се присоединува американскиот новинар А.Сониксен. Четата дејствува во Ениџевардарскиот реон, каде селата се тероризирани од грчката воена пропаганда. На 28 февруари 1906 година по теророт на андартската чета на капетан Акритас (поручник Константинос Мазаракис, покасно генерал) на с.Света Марина и убивањето на неколку селани, како одговор Л.Иванов решава да го изгори грчкото с.Ниси, со предходно предупредувачко писмо.
Умира на 25 август 1906 година од раните добиени при нападите на грчките андарти во Баовските колиби, во близина на с. Зборско, Воденско. |