|
Роден е во с.Тресонче, Малореканско во 1870 година. По завршувањето на основното образование во родното село, станува ученик на Дичо Зограф. Го изучува занаетот и заминува во Стара Загора, Бугарија, каде станал баран зограф, зидар и калиграф. Во Бугарија се поврзува со емиграцијата од Македонија и во 1899 година влегува во ВМОРО.
Во летото 1902 година е четник во четата на полковник А.Јанков, а кон крајот на годината заедно со Павел Караасанов е помошник војвода во четата на Јанаки Јанев. Во пролетта 1903 година, по наговор од Галичкото реонско началство доаѓа во Софија и формира чета од 53 галичани и реканци и тргнува кон риодниот крај. Но на 29 мај 1903 година, кај месноста Голема Планина на врвот Чавките, четата е откриена од турскиот аскер и по жестоката борба со големи жртви од двете страни, убиен е и војводата М.Ненов. |