Роден е во 1859 година во с. Ореовец, Прилепско. По завршувањето на основното училиште работел како овчар, полјоделец и кираџија. Кога турците му го убиле татко му, решил да им се одмазди и затоа се приклучил во четата на Коне Павлов. Меѓутоа, турската власт успеала да го фати и го испратила во Солунскиот затвор Беаз Куле во 1885 година, каде одлежал повеќе години. Успеал да избега од затворот и се префрлил во Софија.
Во Софија бил обвинет за учество во убиството на С. Стамболов (претседател на бугарската влада) и бил осуден на три години затвор.
Заедно со браќата Петар и Ѓорѓи се вклучува во револуционерната дејност на ВМОРО против османлиските власти.
Во 1899 година со своја чета заминал за Неврокопско, каде неколку пати имал успешни судири со турската власт.
Во 1901 година на пат за Прилепско, кај селото Уланци (Тиквешко) Турците ја откриле неговата чета, ја опколиле и по тешка борба ја разбиле, при што загинал и самиот војвода. |