Роден е во с. Кономлади (денес Макрохори), Костурско, во 1873 година. Бил селски овчар, но се издигнал до свесен револуционер и добро се описменил во четите на Организацијата. Тој бил еден од најпреданите и најомилените борци од влашко потекло. Во Кономлади во 1901 година е формирана првата чета на ВМОРО во Костурско во која се приклучува и тој. Во четата на М.Лерински се описменува и постепено воздигнува до помошник војвиода на Г.Папанчев. Кон крајот на 1901 година предводи сопствена чета во која влегуваат татко му и неговите браќа.
Учествува на Смилевскиот конгрес на ВМОРО на кој е донесена одлука за кревање на востание во Македонија. Во мај 1903 година четата има борба со турската војска кај с.Руља (денес Котас). На 26 јуни 1903 година четата ги убива пет патријашисти во Нере.
Во Илинденското востание бил раководител на реонот Корешта, Костурско. Во борбите со турскиот аскер бил бестрашен. Во борбата кај с.Писодер бил тешко ранет и само благодарејќи на големата љубов на народот кон него, ги преживеал и тешките рани и тешката зима.
По неуспехот на востанието тој е еден од ретрките кој не ја напушта Македонија. Во април 1904 година, заедно со Г.Попхристов формира нова чета. Бил прогласен за главен војвода во Костенаријата а покасно и реонски војвода на целиот Костурски револуционерен реон..
На 22 февруари 1907 година, кај с.Жупаништа (денес Левки), Костурско, М.Влаот со тројца тетници, се предадени и во тешка борба со турскиот аскер тој е тешко ранет по што се самоубива.
На 13 март 1907 година, реонската чета на ВМОРО влегува во с.Жупаништа и ги казнува со смрт предавниците. |