Роден е во Охрид, во 1874 година. Завршил прогимназија, а по професија бил златар. По завршувањето на образованието, извесно време работел како учител. Во Револуционерната организација бил мошне активен. Од 1902 година е член на околискиот комитет на ВМОРО во Охрид. На Смилевскиот конгрес во 1903 година е избран за советник на Горското началтво на Охридскиот револуционерен реон.
За време на Илинденското востание е реонски началник.
На 31 август 1903 година во месноста Грмешница во битка со турскиот аскер е ранет. Фатен и убиен на патот меѓу Ресен и Охрид. |