Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Мишо Шкартов

Роден е на 14 февруари 1884 година во Кавадарци. По основното образование во Кавадарци, завршил гимназија во Солун, каде станува член на ВМОРО. По завршувањето учителствува во с.Долни Порој, Серско, а потоа во Кавадарци.

Во 1904 година станува член на Тиквешкиот околиски револуционерен комитет, а од октомври бил секретар во четата на Д.Даскалов. Од 1905-1908 година е во четите на Х.Чернопеев и на Ј.Сандански. Еден е од основачите на Народнсата федеративна партија.
По Младотурската револуција во 1908 година бил училишен инспектор во Тиквешко, а по превратот учествува во походот на Цариград.

Во 1912 година е војвода во Велешко, а во 1913 година учествувал во Тиквешкото востание и во Првата светска војна.

По војната бил член на Привременото претставништво на ВМРО и потписник на заедничкиот апел за обединување на двете струи на 6 март 1919 година.

Во 1921 година стапил во ВМРО и е окружен војвода во Солунскиот револуционерен округ. По убиството на А.Протогеров преминал на страната на протогеровистите. Како приврзаник на федералистичката идеја, станал член на ВМРО Обединета и во 1930 година бил вклучен во Ц.К.

Умира на 25 јуни 1936 година во Софија.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik