Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Никола Андреев (Алај-беј)

Роден е во с. Мокрени, Костурско, во 1879 година. Образованието го започнал во Костур, а потоа во Битолската машка гимназија во Битола. Образованието го продолжил во Военото училиште во Софија, а по завршувањето стапил на служба во армијата. Ја напушта воената служба, под влијание на Л.П.Трајков и Т.Давидов и се приклучува во ВМОРО. Во почетокот на 1902 година за кратко влегува во четата на Марко Лерински, а подоцна станува агитатор во Костурско и организира своја чета.

За време на Илинденското востание учествувал како еден од костурските војводи. Особено се истакнал во борбите за ослободување на гратчето Невеска, на 25 август 1903 година. По Востанието заминува во Бугарија, н во слдната 1904 година се враќа во Македонија и дејствувал како лерински војвода, а во 1905 година како кајларски војвода до Уриетот во 1908 година. По Уриетот се легализира и станаува учител во своето родно село.

Во септември 1910 години поторно формира чета и ја продолжува борбата со турската војска и андартските чети.

Застрелан е од љубомора од неговиот другар и соселанец Турчето поради заедничка симпатија на 11 август 1911 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik