Син на легендарниот Питу Гули. Роден е во Крушево во 1901 година. Основно образование завршил во својот роден град, а гимназија во Софија. Тој бил нескршливо смел и енергичен борец. По возобновувањето на ВМОРО од Т.Александров станува негов личен телохранител.
По Првата светска војна учествува повторно во воспоставувањето на Револуционерната организација. По наредба на ВМРО го убива Александар Панов во Софија, кој во 1922 година ја создаде „Земјоделската емигантска група“.
Н.Гулев станува четник, а покасно војвода на ВМРО во Велешко и Крушевско. Тој презема ризични патувања во Југославија. Во Загреб имал состанок со хрватскиот лидер Степан Радич.
При едно патување со воз низ Србија, на 15 септември 1923 година, бил изненаден од тајната полиција во Ниш и уапсен, пред да успее да се дограби до оружјето. После многу страдања и измачувања во српските тамници, во летото 1924 година бил погубен во белградскиот затвор. |