Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Никола Киров - Мајски

Неговиот прадедо во Крушево се доселил од с. Свињишта, Охридско. Роден е во Крушево на 28 јуни 1880 година. Основното образование го завршил во родниот град, а гимназија во Битола, каде после ученичкиот бунт во 1898 година против егзарсиската администрација и против владиката Григориј, заедно со други 17 ученици е исклучен. Потоа ја завршил гимназијата во Солун, каде се приклучува кон ВМОРО, па му се посветува на учителствувањето. Во 1902-1903 година станува учител во с.Баница, Леринско. Во сите места се среќавал со видни личности на ВМРО и како хроничар ја бележел сета нивна активност и настаните во Македонија.

Илинденското востание го затекна во родното Крушево, во кое зел активно учество и бил еден од блиските соработници на Н.Карев. По востанието бил раководител на ВМРО во градот.

Во 1905-1906 година повторно учителствува во Леринско. Во 1909 година учителствува во Ихтиман, Бугарија, во 1910 година во Дебар, а во учебната 1911-1912 година е директор на училиштето во Ресен.

По Втората балканска војна своето семејство го префрлил во Бугарија. Потоа завршил правни науки во Софија и работел како учител, па како финансиски службеник но и со револуционерна дејност.

Оставил доста историски трудови, како: „Со поглед кон Македонија“, „Крушево и неговите борби за слобода“, „Епопејата на Крушево“, „Светлина кон темнината“ и други. Познат е и како драмски писател и поет.

Умрира на 2 август 1962 година во Софија.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik