Роден е во гратчето Пирдоп, Софиско, на 14 декември 1874 година. Бугарин по националност. Основното образование го завршиол во родниот град, а гимназија во Софија, и предава како учител во Мирково. Во 1898-1901 година завршил природни науки на Софискиот универзитет.
Во 1902 година предава во Скопската егзархиска гимназија, каде станува член на ВМОРО. Истата година од Г.Делчев добива задача да го револуционизира и омасови движењето во Скопскиот револуционерен округ, каде е избран за претседател на тој округ.
За време на Илинденското востание бил началник на востаничките сили во Скопскиот округ. По Востанието се повлекол во Бугарија и се посветил на научна работа. Во 1919 година им се придружил на Ѓ. Петров и Д.Х.Димов и пишувал за посебноста на македонската нација.
Н. Пушкаров до крајот на својот живот, 18 февруари 1943 година, останал приврзаник на Македонското револуционерно ослободително движење. |