|
Свештеникот Чупаров е еден од чесните внатрешни дејци на ВМРО во реонот на Азот, Велешко. Роден е во селото Папрадиште, Велешко, во 1880 година. Станува свештеник во Папрадиште и се вклучува во редовите на ВМОРО. Учествувал во многу борби пред Илинденското востание, за време на Востанието и по него. Тој е трн во очите на србоманите од Богомила. Во пролетта 1905 година е заробен и измачуван од србоманот Григор Соколов, но сепак ослободен, под услов да не учествува во било какви работи на Организацијата. По враќањето во селото тој не се одделува од својата пушка и е редовен сопатник на велешката чета, секогаш спремен да учествува во сите ации. Со својата решителност им давал голем кураж на мијаците од Ореовец и Папрадиште.
Во 1913 година српската окупаторска власт, кога ја вршел дејноста поп во Велес, го фатиле и после тешки мачења го исекле на мали парчиња и го фрлиле во реката Вардар. |