Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Панчо Константинов

Роден е на 10 јули 1881 година во Велес. Основно училиште учел во Велес, а потоа завршил воено училиште во Софија во 1903 година и се стекнал со чин потпоручник.

За време на Илинденското востание предводел чета од 200 луѓе и водел големи борби со турскиот аскер во Кочанско, на врвот Китка и на Султан Тепе. По востанието останал во Македонија и продолжил со борбените дејствија против Турците, андартите и српските врховистички чети. Тој бил љубимец на сите четници и на населението. На 20 мај 1905 година во Велес, тој го заменува убиениот војвода С.Димитров.

Загинал на 25 јуни 1906 година, кога неговата чета западнала во заседа по извршената казнена акција во србоманското село Крапа, од страна на србоманские чети на Г.Соколов и Ј.Бабунски.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik