Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Парашкев Цветков

По народност е Бугарин. Роден е на 20 мај 1875 година во Плевен, Бугарија. Завршил гимназија во Софија и потоа учителствувал три години. Во 1897 година заминал во Прага, Чешка, каде студира филозофија, а потоа во Дрезден, Германија, каде што студирал музика. По завршувањето се враќа во родниот град и станува учител по музика во Плевенската гимазија. По забраната да учителствува во Бугарија, заминува за Македонија, каде во 1902 година станува професор во Битолската егзархиска гимназија. Истата година влегува во редовите на ВМОРО и станува реонски војвода .

Учествувал на Смилевскиот конгрес во мај 1903 година, како делегат на битолскиот реон, каде бил избран за еден од секретарите на комгресот.

На 21 мај 1903 година со четата од 20 души бил откриен и опколен во с. Могила, Битолско, од 300 турски војници. По 36-часовна борба, тешко ранет, војводата П. Цветков извршил самоубиство.

Покасно, Ѓ.Сугарев како одмазда го убива својот родбина Ристе од с.Секирани, за кого се сметало дека ја предал четата на П.Цветков.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik