Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Пејо Јаворов

Роден е на 13 јануари 1878 година во Чирпан, Бугарија. Завршил средно училиште во Пловдив. Од 1897-1901 година работи како телеграфист во повеќе места. Во тоа време е симпатизер на левицата. Во 1897 година контактира со ВМОРО. Од 1901-1902 година го редактира в.„Дело“.

За прв пат влегува во Македонија како четник на М.Чаков во 1902 година. Наскоро бил фатен од врховистичка чета и вратен во Бугарија. Бил уредник на разни изданија поврзани со македонското револуционерно движење – „Дело“, „Слобода или смрт“, „Автономија“, „Илинден“, „Македонски глас“.

Четник е кај Ј.Сандански и станува еден од најверните соработници на Гоце Делчев и негов прв биограф. Како придружник на Гоце Делчев, крстосувал низ многу реони на Македонија. Во периодот по востанието работи како библиотекар, а подоцна и како драматург во Народниот театар.

На Ќустендилскиот конгрес на ВМОРО во март 1908 година е избран за дополнителен член на Задграничното претставништво. До крајот на својот живот другарува и кореспондира со водачот на ВМРО Т.Александров и ги извршува неговите наредби. Се смета дека отровот и пиштолот по молба на П.Јаворов се дадени од Т.Александров.

Умира во Софија, на 29 октомври 1914 година, земајќи поголема доза на отров и се застрелва, сметајќи се за виновен за самоубиството на неговата жена Лора Каравелова.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik