Роден е во с.Ореовец, Прилепско, на 7 јили 1877 година. Брат на војводите Мирче Ацев и Ѓорѓи Ацев. По основното образование во Прилеп, завршува VI клас во Софиската гимназија, каде кон крајот на школувањето, посветен од Ѓ.Петров влегува во редовите на ВМОРО во 1897 година. Есента истата година е испратен од Ѓ.Петров да учителствува во с.Плетвар, Прилепско. Во второто полугодие на 1897/1898 година учителствува во Прилеп. Од 1898 до 1902 година учителствува во Крушево.
Во почетокот на 1902 година станува нелегален, а од мај 1902 година е околиски војвода во Прилепската околија. Како претставник на Прилепскиот револуционерен округ учествува на Смилевскиот конгрес каде е избран за резервен член на Главниот штаб.
По Востанието е избран за нелегален член на окружниот комитет, заедно со П.Христов и П.Кљашев. Во 1904 година учествува на Прилепскиот конгрес, каде остро го критикува проектот на П.Тошев за децентрализација на организацијата. Учествувал во многу борби со Турската власт, како и со грчката и српската пропаганда во Македонија. На 28 јуни 1904 година четите на П.Ацев и Н.Каранџулов вдат борба со турскиот аскер кај месноста „Ќулето“ кај с.Селце, во која загинува Н.Каранџулов. Учествува и во борбите кај с.Рајчани, Кочанско 1905 година, каде загинува Н.Карев и Ножот 1907 година.
На Ќустендилскиот конгрес во 1908 година е избран за доополнителен член на ЦК на ВМОРО.
По Младотурската револуција се легализира и населува во Прилеп, а во 1910 година е уапсен, жестоко измачуван и осуден. Кон крајот на 1911 година е амнестиран и се населува во Пловдив.
Во Балканските и Првата светска војна учествува како доброволец. По војните живее во Бугарија, каде активно учествува во работата на Временото претставништво на бившата ВМОРО.
Умрира на 20 април 1939 година во Пловдив. |