Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Петар Јуруков

Роден на 19 декември 1882 година во Карлово, Бугарија. Се школува во родниот град и во Пловдив и Самоков. Како ученик во желзарското училиште во Самоков во 1899 година, се запознава со револуционерните активности во Македонија. Станува член, а од ноември 1899 година претседател на револуционерниот кружок „Трајко Китанчев“ во Самоков. Таму се дружи со М.Делчев, брат на Г.Делчев. Во јануари 1900 година, по еден ученички бунт е исклучен од училиштето.

Во април 1900 година тој за прв пат се запознава и има средба со Г.Делчев. На 1 мај 1900 година, Задграничното претставништво во Софија го испраќа за секретар на дојранската чета на Г.Мазнов. Кон крајот на 1900 година е назначен за привремен војвода на кукушката чета по ранувањето на Х.Чернопеев кај с.Крецово. По неговото оздравување, Х.Чернопеев го презема водството а П.Јуруков станува кај него како четник.

Во 1901 година е во четата на М.Герџиков која дејствува во Радовишко, Струмичко и Гевгелиско. Покасно станува секретар во четата на М.Попето во Воденско. Во октомври 1901 година е ранет во една борба и заминува за Бугарија да се лечи.

Пролеттра 1902 година по предлог на Г.Делчев е испратен со чета во Тиквешко, да ја обнови органиузацијата и за да го обезбеди организацискиот канал Струмица, Радовиш, Прилеп.
За време на Илинденското востание е во Тиквешко, каде води борби со турскиот аскер и башибузучките потери предводени од бегот Шевкели.

Од летото 1905 година, ВМОРО го назначува за крушевски војвода. Есента 1905 година Битолскиот окружен комитет го испраќа во Штипско за да го собере оружјето скриено од Н.Карев. Заминува само со еден четник. По ноќевањето во манастирот „Св. Никола“ утрото, на излегување го напаѓаат четворица Турци и тешко го повредуваат. Ослободен е од селската милиција и четата на Шаќир Војвода и испратен на лекување во Крушево и Прилеп.

Умрел по компликацијата на раната од тифус во Крушево, на 18 ноември 1905 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik