Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Петар Георгиев Манџуков

Роден е на 20 јули, 1878 година во с. Мирковци, Скопско. Тој е внук на митрополитот Натаил Охридски и Пловдиски, кој уште на 3-годишна возраст го зема и одгледува се до завршувањето на педагошкото училиште во Лом, Бугарија и оддавањето во револуционерното дело. Во 1898 година заминува да студира хемија во Женева. Таму е член на „Женевскиот кружок“, како и во „Тајниот македонски комитет“. Во есента 1898 година се враќа во Македонија и станува член на ВМОРО. Во март 1899 година, додека учителствува во Скопје, е осуден на доживотен затвор за заговор. Истата година ја обжалува пресудата и е ослободен и протеран во Бугарија. Потоа влегува во четата на Гоце Делчев, заедно со С.Мерџанов и П.Соколов.

Во 1900 година (гемиџиите) заедно со П.Шатев, С.Мерџанов и П.Соколов учествуваат во поткопувањето на „Отоманската банка„ во Цариград. По неговото апсење и ослободување емигрира во Бугарија и станува член на Врховниот комитет. Во септември 1901 со мала чета се обидува да го ослободи од Одринскиот затвор С.Мерџанов, но не успева.

За време на Илинденското востание е војвода на чета во Ахчелебискиот регион. По востанието го извршува своето прво убиство по нарачка на Комитетот, а по четири дена и второто по што ги прекинал врските со Комитетот.

Во 1909 година завршува шумарство на универзитетот во Ненси, Франција, по што се враќа во Бугарија и работи како шумарски инжинер.

Умира на 1 јануари 1966 година во Пловдив, Бугарија.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik