Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Петар Иванов Милев

Роден е во с. Косача, Радомирско во 1879 година. Учи во родното село, Радомир и Дупница. Завршува гимназија во Ќустендил. Во 1899 година влегува во редовите на ВМОРО а од 1900 година е четник кај Ј.Сандански, а покасно и секретар во неговата чета.

За време на Илинденското востанието во 1903 година е четник кај Јане Сандански и дејствува во Разлошко и Неврокопско.

На 29 јули 1905 година е делегат на конгресот на Серскиот револуционерен округ, каде е избран за неврокопски војвода и делегат од Серската група на престојниот Рилски конгрес.

Ј.Сандански му дава задача на П.Милев да ги убие Б.Сарафов и И.Гарванов. Тој го предупредува Герџиков за плановите на Сандански и како резултат на тоа односите помеѓу нив се влошуваат. Во есента 1907 година во неговата чета е американскиот новинар Артур Смит, кој покасно ја издава книгата „Спомени од Македонија“ .

Убиен е во ноќта на 8 јули 1908 година во с. Ковачевица, Неврокопско, од бившиот четник Костадин Иванов Дробенов, кого Милев го казнува и брка од четата во 1906 година поради непочитување на дисциплината.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik