Роден е во Штип. Уште кога Гоце Делчев учителствувал во Штип го вовел во редовите на Организацијата. Набргу, станал еден од нејзините многу активни членови.
По Младотурската револуција во 1910 година, во акцијата за разоружување на македонското население што ја спроведувале Младотурците, Поп Владимир бил затворен во Штип и подложен на жестоко измачување. За да си стави крај на маките, Поп Владимир извршил самоубиство. |